Archiv
Nachruf Ingo Beetz
Dienstag, 18. März 2014 um 14:06
Ingo Beetz, Vorsitzender des Vereins der Wirtschaftskonsuln e.V. und langjähriges Mitglied
der Deutsch-Makedonischen Gesellschaft e.V., verstarb am 19. Januar vollkommen unerwartet im 70. Lebensjahr in Berlin.

Er setzte sich seit Ende der 1990er Jahre für die Vertiefung der deutsch-makedonischen Beziehungen auf unterschiedlichen Ebenen ein und bereiste mit zahlreichen Delegationen das südosteuropäische Land. Darüber hinaus war er Berater für internationale Angelegenheiten des Wirtschaftsministeriums in Skopje.

Zusammen mit seiner Frau Ulrike organisierte er zudem Hilfstransporte mit medizinischen Geräten und Gütern für Krankenhäuser im EU-Beitrittskandidatenland. Dafür wurde er zum Ehrenbürger der Stadt Gostivar ernannt.

Die Deutsch-Makedonische Gesellschaft e.V. trauert um ihn wird Ingo Beetz als engagiertes Mitglied in Erinnerung behalten.

Er hat den Verein mit seinem Engagement maßgeblich mitgeprägt.

Aktualisiert ( Freitag, 11. April 2014 um 16:34 )
 
Предвремени избори 2104
Dienstag, 18. März 2014 um 10:22

Предвремени избори за пратеници во Собранието на РМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Ве известуваме дека Претседателот на Собранието на Република Македонија распиша предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 27 април 2014 година.

Во Дипломатско Конзуларните претставништва (ДКП) на Република Македонија во странство, гласањето на државјаните на Република Македонија кои се на привремен престој во странство повеќе од 3 месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од 1 година, ќе се одржи на 26 април (сабота) 2014 година, во периодот од 07:00 до 19:00 часот, согласно со сметањето на времето во соодветната земја.

Сите државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство се запишуваат во посебен Избирачки список.  Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во Република Македонија пред заминувањето во странство (член 41 став 5 од Изборниот законик-Сл.весник на РМ бр. 54/2011).

Државната изборна комисија преку Министерството за надворешни работи ги доставува до ДКП посебните изводи од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденција од надлежен орган, за ставање на јавен увид (член 49 став 2, во врска со член 15 став 2 од Изборниот законик).

ЈАВНИОТ УВИД ВО ПОСЕБНИОТ ИЗБИРАЧКИ СПИСОК ВО ДКП ЗАПОЧНУВА НА 16 МАРТ И ЌЕ ТРАЕ ДО 30 МАРТ 2014 ГОДИНА.

Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат за време на јавниот увид (по електронска пошта преку ДКП до ДИК или до ДИК) да поднесат Барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список (член 50-а став 6 во врска со член 15 став 2 од Изборниот законик).

БАРАЊЕТО МОЖЕ ДА СЕ ПОДНЕСЕ ВО ПЕРИОДОТ ОД 16 МАРТ ДО 30 МАРТ 2014 ГОДИНА.

4. Од денот на распишувањето на изборите до завршување на јавниот увид, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат (преку ДКП до ДИК своерачно потпишана или по електронска пошта до ДИК) да достават Пријава за гласање, со која се пријавуваат за гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија (член 50-а став 8 во врска со член 15 став 2).


ПРИЈАВАТА ЗА ГЛАСАЊЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОДНЕСЕ ВО ПЕРИОДОТ ОД 6 МАРТ ДО 30 МАРТ 2014 ГОДИНА.

Напомена: За да можете да учествувате на предвремените изботи за пратеници во Собранието на Република Македонија ќе треба повторно да доставите Пријава за гласање со потребните документи.


Прилог:

- Барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список

-Пријава за гласање

Aktualisiert ( Freitag, 09. Mai 2014 um 09:38 )
 
Годишна иселеничка конференција 2014
Mittwoch, 05. März 2014 um 13:09

Петта годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија

Предмет: Информација за одржување на Петтата годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија и барање сугестии и предлози за темите на дневен ред


Почитувани,
Ве известуваме дека во тек е подготовката на Петтата годишна конференција на иселеничките организации, што ќе се одржи во втората половина на јули месец 2014 година во Република Македонија, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.
Воедно предлагаме најдоцна до 7 април 2014 година да дадете ваши сугестии за темите на дневниот ред кои ќе се разгледуваат на конференцијата и се од интерес за иселеништвото, а се во рамките на законската надлежност на Агенцијата за иселеништво.
На Четвртата годишна конференција која се одржа минатата година на 25 и 26 јули во Скопје, теми на дневен ред беа:

ПРВА ТЕМА: Чување и негување на македонскиот јазик и култура како и јазикот и културата на припадниците на заедниците во Република Македонија кои не се мнозинство и поддршка на конкретни проекти и активности на иселениците и иселеничките организации од страна на надлежните државни органи

ВТОРА ТЕМА: Државјанство и избирачко право

ТРЕТА ТЕМА: Организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивните организации во светот и нивна соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија

ЗАВРШНИ ДИСКУСИИ: Прашања и одговори со пратениците од дијаспората

Агенција за иселеништво

Директор

Васил Наумов 

Aktualisiert ( Dienstag, 18. März 2014 um 10:39 )
 
Избори 2014
Freitag, 14. Februar 2014 um 15:18

Избор на Претседател на РМ

1. Ве известуваме дека Претседателот на Собранието на Република Македонија распиша избор на Претседател на Република Македонија, кој ќе се одржи на 13.04.2014 година.

2. Гласањето на државјаните на Република Македонија кои се на привремен престој во странство повеќе од 3 месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од 1 година, ќе се одржи на 12.04.2014 година, во периодот од 07:00 до 19:00 часот (согласно со сметањето на времето во соодветната земја) во просториите на Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, односно во конзуларните канцеларии.

3. Во посебниот Избирачки список се запишуваат сите државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во Република Македонија пред заминувањето во странство (член 41 став 5 од Изборниот законик-Сл.весник на РМ бр. 54/2011).

4. Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат во текот на целата година да извршат увид во изводот на Избирачкиот список во ДКП или преку интернет и ако при увидот утврдат дека не се запишани во Избирачкиот список или се утврди дека треба да се изврши запишување, дополнување или бришење на податоците, можат во текот на целата година да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците со соодветна документација, кое се доставува по електронска пошта преку Дипломатско-конзуларните претставништва до Државната изборна комисија или директно до Државната изборна комисија (член 48 став 3).
Државната изборна комисија најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето ќе ја провери точноста на податоците и приложените документи од страна на граѓанинот и ако утврди дека барањето е основано, со решение врз основа на веродостојна документација ќе изврши запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список, а во спротивно ќе донесе решение со кое ќе го одбие барањето.

5. Државната Изборна Комисија преку Министерството за надворешни работи ги доставува до Дипломатско-конзуларните претставништва посебните изводи од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденцијата од надлежен орган, за ставање на ЈАВЕН УВИД. (член 49 став 2).

Јавниот увид во ДКП започнува на 16 февруари и трае до 7 март 2014 година.

6. Од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на јавниот увид државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават пријава за гласање своерачно потпишана или испратена по електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на претстојните избори (член 50-а став 8).

Diese E-Mail-Adresse ist gegen Spambots geschützt! Sie müssen JavaScript aktivieren, damit Sie sie sehen können. - ЗА ГЛАСАЊЕ НА ДРЖАВЈАНИТЕ КОИ ПРЕСТОЈУВААТ ВО ЕВРОПА

РОК: од 1 февруари 2014 година до 7 март 2014 година.

- Барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список
- Пријава за гласање за избор на Претседател на РМ во ДКП на РМ во странство односно конзуларни канцеларии

Aktualisiert ( Freitag, 09. Mai 2014 um 09:38 )
 
Trpčeski in Berlin
Freitag, 04. Oktober 2013 um 09:01

Der makedonische Pianist Simon Trpčeski gastiert am 13. Oktober 2013 in der Berliner Philharmonie. Zusammen mit dem Dirgenten Vasily Petrenko und dem Rundfunk-Sinfonieorchester Berlin werden in dem Großen Saal Werke von Prokofjew und Sibelius aufgeführt.

Weitere Informationen finden Sie unter http://www.berliner-philharmoniker.de.

Aktualisiert ( Freitag, 14. Februar 2014 um 15:11 )
 
<< Start < Zurück 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Weiter > Ende >>

Seite 2 von 26