Archiv
Новогодишен прием
Montag, 05. Februar 2007 um 22:00

Претседателот на Германско-македонското друштво Валтер Колбо, пратеник во германскиот Бундестаг, на 1 февруари 2007, во Амбасадата на РМ во Берлин, организираше новогодишен прием, на кој присуствуваа околу 60 гости, членови и претставници на политичкиот, јавниот и културниот живот на СРГ и РМ.

Aktualisiert ( Mittwoch, 05. September 2007 um 22:28 )
Weiterlesen...
 
Состанок на Претседателството на Германско-македонското друштво
Montag, 05. Februar 2007 um 04:00

Германско-македонското друштво, под претседателство на Валтер Колбо, пратеник во Геманскиот Бундестаг, (на 1 февруари) во просториите на Амбасадата на РМ во Берлин, одржа работен состанок. Присутните членови на претседателството, ја разгледаа работната верзија на планираните програмски активности во тековната 2007 година и подготовката на Програмата, што ќе биде претставена на Собранието на Германско-македонското друштво, во текот на месец март.

Aktualisiert ( Mittwoch, 05. September 2007 um 22:30 )
Weiterlesen...
 
Собрание на Германско – македонското друштво во Берлин
Mittwoch, 15. November 2006 um 01:00

Под претседателство на Валтер Колбо, пратеник во Геманскиот Бундестаг, над педесетина политичари, дипломати, научници, новинари, постдипломци, студенти и бизнисмени, од Македонија и од Германија, членови и симпатизери на Германско-македонското друштво, синоќа (14 ноември 2006), во Берлин, го одржаа Годишното собрание. За потпретседатели на Друштвото беа избрани амбасадорот на РМ во СРГ, д-р Ѓорѓи Филипов и Матијас Дорнфелдт, политиколог, додека за финансиите е задолжен Франк Бернхардт од МНР на СРГ.

Weiterlesen...
 
Седница на Претседателството на Германско – македонското друштво
Donnerstag, 26. Oktober 2006 um 00:00

Под претседателство на Валтер Колбо, пратеник во Геманскиот Бундестаг, во просториите на Амбасадата на РМ во Берлин, на 24 октомври 2006, се одржа седница на Претседателството на Германско-македонското друштво. На состанокот присуствуваа амбасадорот Ѓорѓи Филипов, Франк Бернхардт од МНР на СРГ, Матијас Дорнфелдт, политиколог, Андреја Алексоски, постдипломец на Универзитетот “Виедрина” во Франкфурт на Одра, Улф Брунубавер од Институтот на Југоисточна Европа, на Фрај Универзитетот во Берлин, Енрико Севалд, доцент, Освит Росоклија, министер-советник и Олга Јаневска-Јовановиќ, втор секретар во Амбасадата на РМ во Берлин.

Aktualisiert ( Donnerstag, 06. September 2007 um 09:54 )
Weiterlesen...
 
Седница на Претседателството на Германско – македонското друштво
Mittwoch, 27. September 2006 um 00:00

На 26. 09. 2006, под претседателство на Валтер Колбо, пратеник во Геманскиот Бундестаг, во просториите на Амбасадата на РМ во Берлин, се одржа работен состанок на Претседателството на Германско-македонското друштво. На состанокот присуствуваа амбасадорот Ѓорѓи Филипов, Франк Бернхардт од МНР на СРГ, Матијас Дорнфелдт, политиколог, Андреја Алексоски, постдипломец на Универзитетот “Виедрина” во Франкфурт на Одра, Рамадан Назифи и Освит Росоклија министри-советници, како и Олга Јаневска-Јовановиќ, втор секретар во Амбасадата на РМ во Берлин.

Weiterlesen...
 
<< Start < Zurück 21 22 23 24 25 26 Weiter > Ende >>

Seite 26 von 26